Камерон Дијаз е холивудската ѕвезда од августовското издание на списанието „Harper’s Bazaar“. 41-годишната актерка позираше пред објективот на Камила Акранс во сив елегантен фустан од Ралф Лорен, како и во креации од Прада, Долче и Габана и Баленсијага.
Сексапилната русокоса во интервјуто зборувала за стареењето, за гласините дека имала врска со Дру Баримор и за мајчинството.
За наводната врска со Баримор: „Буквално реков: Од тоа ми доаѓа да си повратам в уста. Тоа е исто како да речете дека имам секс со сестра ми. Дали сте луди?“
За имањето деца: „Ако сакав да имам дете во животот, ќе имав дете. Не знам каков живот ме очекува. Отворена сум. Сѐ е можно.“
За стареењето: „Знам дека губиш многу нешта кога ќе остариш, но исто така многу и добиваш. Зошто да сакам да останам на 22 години кога можам да имам 62? Сметам дека 62. година ќе биде многу подобра од 22. година. Не сакам ништо од тоа да ми се врати. Само сакам да продолжам напред.“