Ријана или се истрижа, или ја отстрани надградбата, или ја извади периката, или стави нова перика. Популарната пејачка беше фотографирана на пробите пред почетокот на MTV VMA со супер кратка фризура и уште повеќе ја зголеми нетрпеливоста на своите фанови за вечерашната изведба.
Не е тајна дека Рири обожава да експериментира со косата, постојано менувајќи ја бојата и стилот. Очигледно за неколку часа таа планира да претстави нов изглед.
Ријана треба да настапи со хитот „We Found Love“. Ова е голема вечер за неа, бидејќи има шанси да добие најмногу награди (Ријана и Дрејк имаат по пет номинации).