Откако таблоидите повторно се обидоа да вмешаат прсти во врската помеѓу Ирина Шајк и Бредли Купер, парот ги поби шпекулациите за разделба.
Славниот актер и популарниот модел беа фотографирани во Париз, непосредно пред почетокот на Париската недела на модата.







Шајк до пред неколку дена престојуваше во Милано, од каде сподели фотографии по дефилирањето на ревијата на Версаче.

„Жолтите медиуми“ неосновано шпекулираа дека Купер е во врска со Наоми Кембел откако тие беа фотографирани заедно на појадок во Вест Холивуд.

