Ирина Шајк е дел од многу модни ревии и забави кои се одржуваат во рамките на Париската недела на високата мода. Привлечната Русинка беше гостинка на забавата на „Вог“ која се одржа во Градот на светлината.
30-годишната манекенка за вечерта избра едноставна црна креација. Минималистичкиот фустан одлично го оцртуваше нејзиното извајано тело.














