„Ако ѕидовите можеа да зборуваат, оваа куќа имала во неа повеќе славни личности од која било друга куќа во Лос Анџелес“ – изјавила Лун Тешнер за имотот наречен „Farralone“ кој за првпат е објавен за продажба.
Френк Синтра десет години го изнајмувал овој имот, а таму била и последната фотосесија на незаборавната Мерилин Монро. Се смета дека тоа била локацијата на којашто најпознатата русокоса тајно се среќавала со претседателот Џек Кенеди.
Ако куќата ви изгледа познато, тогаш најверојатно сте ја виделе во некој филм или серија. Во неа се имаат снимано сцени за филмот „Dreamgirls“, спотот на Ашер за песната „Burn“ и делови од серијата „Mad Men“.
Имотот се продава за 12 милиони долари.