Софија Вергара, која во ноември ќе стапи во брак со актерот Џо Манганиело, сними невестинска фотосесија за есенското издание на „Martha Stewart Weddings“.
43-годишната Колумбијка блеска во нежни и деликатни фустани од врвни дизајнери како Моник Лулие, Вера Ванг, Маркеза, Роса Клара и Питер Лангнер на фотографиите кои се дело на Волтер Чин.



Популарната актерка од серијата „Modern Family“ изјавила дека нема да експериментира со својот изглед за свадбата. „Твојата свадба не е време за да испробуваш нови нешта. Ќе ги имаш тие фотографии засекогаш“ – рекла таа.



Вергара признала и дека сака свадба на која гостите ќе се забавуваат. „Свадбата е за создавање на спомени кои секогаш ќе ги негувате. Тоа е она што е важно“ – изјавила таа.
„Тортата ми е омилен дел, па масата со тортата ќе биде супер специјална. Голема свадбена торта со многу десерти“ – додала Софија.



