Џејми Дорнан ја започна промотивната турнеја за долго најавуваниот филм „Fifty Shades of Grey“. 32-годишниот актер, кој влезе во улогата на Кристијан Греј, позираше за машкото списание „Details“.
Дорнан со сериозен изглед застана пред објективот на Марк Селиџер.
Еден месец пред премиерата на „Fifty Shades of Grey“, Дорнан ги предвидува првите реакции и коментари. „Некои луѓе ќе мислат дека е кул и секси, други ќе го мислат тотално спротивното. Ќе има и луѓе кои ќе мислат дека сум ужасен без да го имаат гледано филмот“ – рекол тој.