Бред Пит и Анџелина Џоли знаат како да остават впечаток на црвениот тепих. Динамичното дуо вчера се појави на премиерата на новиот филм на Анџелина, The Tourist.
Облечена во бела тоалета од кашмир на Версаче и бели високи потпетици на Ферагамо, Анџелина изгледаше прекрасно, а очигледно Бред не можеше да ѝ одолее.
На една од фотографиите присутните фотографи ја уловија раката на Бред како силно го стега задникот на Енџи, додека двајцата се смешкаа пред насобраните новинари.
Одличен начин да ја искаже поддршката кон својата долгогодишна партнерка.
На Њујоршката премиера присуствуваа и многу други ѕвезди, меѓу кои Џони Деп кој ја има главната улога во филмот, потоа Алесандра Амбросио, Ашанти и Брук Шилдс.