Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Заводливата Пенелопе Круз за „The Edit“

ФОТО: Заводливата Пенелопе Круз за „The Edit“

Пенелопе Круз зрачи со заводливост и егзотична убавина, па токму затоа беше избрана за изданието „The Passion Issue“ на електронското списание „The Edit“.

Врвниот фотограф Мариано Виванко ја фотографираше шпанската актерка во креации и модни додатоци од Гучи, Мајкл Корс, Оскар де ла Рента, Софија Кокосалаки, Долче и Габана, Ланвин и Изабел Маран.

Пенелопе Круз Пенелопе Круз

Неколку цитати од интервјуто:

„Семејството е мој приоритет. Така сум растена... Кога имаш деца, вниманието го поставуваш на важните нешта.“

„Секој ден ги ценам луѓето кои ги имам во животот, работата за која сум платена, храната која ја имам на чинијата и здравјето кое ме држи во движење.“

„За среќа, имам работа која навистина ја сакам. Понекогаш дури е тешко да го наречам тоа работа. Сонував за да го работам ова уште кога бев мало девојче. Кога го снимив мојот прв филм, мислев дека ќе ми биде прв и последен.“

Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.