Екипата на Тампа Беј Баканирс, предводена од Том Брејди, триумфираше на Супер Боул 2021 година. Со тоа 43-годишниот спортист ја освои седмата титула, па разбирливо е зошто тоа беше повод за славење за целото негово семејство.
Сопругата на Том, Жизел Бундшен, заедно со трите деца се појави на стадионот и со бакнеж му ја честиташе победата на својот сакан.
Видео
Брејди ја носеше 8-годишната ќеркичка Вивиен во раце додека ја поздравуваше публиката на стадионот „Рејмонд Џејмс“, а покрај нив одеа и неговите два сина – Џон и Бенџамин.
Том и Жизел започнаа да се состануваат во декември 2006 година, а во февруари 2009 година стапија во брак. Заедно тие имаат две деца – Вивиен и Бенџамин. Џон е негов син од претходната врска со Бриџит Монахан.