Синоќа во Лас Вегас беше избрана новата носителка на титулата Мис САД. Ерин Брејди од Конектикат победи 50 натпреварувачки и ја доби привилегијата да биде претставничка на САД на Мис Универзум.
Во следните година дена, 25-годишната Ерин ќе патува низ светот за да ја подигне свеста за рак на дојка. Но, убавата девојка изјавила и дека ќе се залага да им помага на децата со родители зависни од алкохол или дрога, бидејќи таа како дете се соочувала со алкохолизам во семејството.
Мис Алабама, Мери Маргарет МекКорд, беше прогласена за прва придружничка, додека втора придружничка е Мис Илиноис, Стејси Џурис.
Минатата година на изборот за убавина победи Оливија Кулпо, која подоцна стана и Мис Универзум.