Чесли Крист е Мис САД 2019. Претставничката на Северна Каролина победи на изборот кој се одржа во Рино, Невада.
27-годишната адвокатка се истакна меѓу педесет и една кандидатка за круната и се здоби со шансата да учествува на Мис Универзум.
Чесли беше крунисана од минатогодишната победничка Сара Роуз Самерс.
За прва придружничка беше избрана Алехандра Гонзалес од Ново Мексико додека втора придружничка стана Тријана Браун од Оклахома.