Сара Роуз Самерс е новата Мис САД. 23-годишната убавица од Небраска ги победи останатите 50 мисици и ја освои посакуваната титула на изборот кој се одржа во Луизијана.
Самерс, која носеше црна вечерна тоалета, беше крунисана од минатогодишната победничка, Кара МекКала.
Самерс ќе биде претставничка на САД на натпреварот за убавина Мис Универзум.
Сара студираше медицина и цели да стане педијатар, а истовремено е и пилатес инструкторка.
Мис Северна Каролина беше избрана за прва придружничка, додека Мис Невада ја доби титулата втора придружничка.