Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ен Хетавеј разиграна за „Glamour“

ФОТО: Ен Хетавеј разиграна за „Glamour“

Со широка насмевка на лицето, Ен Хетавеј позираше за „Glamour“. 30-годишната филмска ѕвезда ја покажа својата разиграна и весела страна за јануарското издание на познатото списание.

Во интервјуто, Ен зборувала за брачниот живот со Адам Шулман, новата кратка фризура и поддршката на организации кои се борат за правата на хомосексуалците и жените жртви на насилство.

Ен Хетавеј

За брачниот живот: „Прекрасно е. Се чувствувам како да ја пронајдов мојата друга половина и многу сум возбудена што ќе можам да го сакам до крајот на животот... Никогаш немаше да се омажам ако не беше тој. Мора да сакаш да си омажена за некого. Да си во брак колку само за да си во брак нема смисла според мене.“

За новата фризура: „Луѓето се помили кон мене. Јас сум многу срамежлива личност и во минатото, во деновите кога не сакав да се соочувам со светот, ќе си ставев капа, ќе ја соберев косата околу мене и ќе се скриев. Сега не можам да го сторам тоа. Морам да бидам јас, цело време. Тоа ми ги промени навиките. Порано, кога ќе имав лош ден со кожата на лицето, можев да имам убава фризура. Сега немам коса, па морам да се грижам подобро, бидејќи сум само лице.“

Ен Хетавеј

За поддршката на „One Billion Rising“ (организација за жените жртви на насилство): „Тешко ми е да го прифатам фактот што милијарда жени биле силувани или претепани. Кога бев на колеџ, слушнав дека една од четири жени ќе биде силувана и си помислив, Боже, тоа значи дека мора да познавам некој што е силуван. Една недела подоцна дознав дека моја пријателка била силувана.“

Ен Хетавеј

За собирањето пари за поддршка на браковите на хомосексуалци со помош на свадбените фотографии: „Навистина не сакав папараци на мојата свадба и мислев дека ќе ги надитрам. Мојот план беше да објавам фотографија за моите фанови на Instagram. Но, кога некои папараци направија авионски фотографии и сфатив дека може да добијат пари, сакав да го спречам тоа и да направам парите да заминат на друго место. Па, објавив четири фотографии и секојпат кога тие ќе бидат објавени, парите од тоа ќе одат за соодветни хуманитарни организации.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19089 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.