Емили Ратајковски се пробива во филмскиот свет. Привлечната манекенка, која се прослави со спотот за хит-песната „Blurred Lines“, присуствуваше на премиерата на својот најнов филмски проект „We Are Your Friends“.
За филмското прикажување во Лос Анџелес, 24-годишната актерка и модел избра креација од Maria Lucia Hohan. Бежовиот фустан со длабоко деколте Емили го искомбинира со сандали од Giuseppe Zanotti и чантичка од Treesje.









На премиерата присуствуваше и Зак Ефрон, кој ја има главната улога во филмот.



