Емили Ратајковски уживаше со синчето Силвестер во парк во Њујорк.
31-годишниот модел гордо го гледаше едногодишното момче кое првпат беше фотографирано од папараците како оди самостојно. Таа беше облечена во маица од Thirty Years, кратки бели панталони и каубојски чизми.
Кон крајот на јули, Емили објави дека се разделува од сопругот Себастијан Беар-Меклард, кој е татко на нејзиниот син. Наводно, причина за раскинувањето била негово неверство.
Парот стапи во брак во февруари 2018 година по само неколку недели врска. Емили објави дека е бремена во октомври 2020 година.