Емили Ратајковски пред десет дена ги изненади своите фанови кога објави дека стапи во брак со Себастијан Беар-Меклард, а синоќа новиот брачен пар за првпат се појави на голема холивудска свеченост.
26-годишната актерка и 31-годишниот продуцент си разменуваа бакнежи додека позираа пред фоторепортерите на постоскаровската забава на Vanity Fair.
Ратајковски носеше бордо креација од Зак Позен.
Двојката беше во врска само неколку недели пред да заплива во брачните води.