Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ема Вотсон со секси имиџ во GQ

ФОТО: Ема Вотсон со секси имиџ во GQ

Светот ја запозна Ема Вотсон како девојчето Хермиона од филмовите Хари Потер. Но, познатата актерка одамна порасна и веќе е подготвена за посмели филмски улоги.

За британското списание GQ, Ема позираше со нов секси имиџ, инспириран од ликот Ники, девојка заводничка од нејзиниот нов филм „The Bling Ring“.

Ема Вотсон

Зборувајќи за новата улога, шармантната Ема открила: „Ликот е сè што јас не одобрувам – таа е површна, материјалистка, празна, неморална. Таа е сите тие нешта и сфатив дека ја мразев. Како би глумела некого кого го мразиш? Но, тоа ми беше интересно и ми даде еден нов поглед кон тоа што мојата работа, или мојата улога како актерка, може да биде.“

Ема Вотсон Ема Вотсон

Филмот „The Bling Ring“, режиран од Софија Копола, ја следи приказната на тинејџери кои ограбуваат домови на славни лица. Приказната е инспирирана од вистински настани, односно од ограбувањата на групата „Hollywood Hills Burglar Bunch“, главно составена од тинејџери, на домовите на многу холивудски ѕвезди како Парис Хилтон, Меган Фокс, Рејчел Билсон, Линдзи Лохан и Орландо Блум.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Трејлерот за „The Bling Ring“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.