Ема Вотсон го остави зад себе слаткиот детски лик Хермиона и се појави на насловната страна на американскиот „Glamour“ во сексапилно издание. За корицата на списанието, 22-годишната актерка позира во фустан на Нина Ричи, градник на Стела Мекартни и ѓердан на Салваторе Ферагамо.
Ема, која во моментов го промовира филмот „The Perks of Being a Wallflower“, во интервјуто за списанието зборувала за љубовниот живот, кратката коса и стилот на облекување.
За косата: „Морам да ја пораснам поради улогите. Да можев да ја носам како што сакам, ќе ја зачував кратка засекогаш. Се разбира, мажите сакаат долга коса. Нема сомневање во тоа. Повеќето од момците околу мене ми велеа: Зошто го направи тоа? Тоа е грешка. А јас им велев: Па, искрено не ми е гајле што мислите! Никогаш не се чувствував посамоуверена како што се чувствував со кратка коса. Се чувствував многу добро во својата кожа.“
За нејзиниот стил: „Во мојот реален живот знам да бидам несредена, но сакам да се дотерувам за црвениот тепих. Се трудам да си правам истражувања и да гледам луѓе (дизајнери) кои допрва треба да се појават на сцената. Креативно е, а јас сум навистина обожавател на уметноста и е забавно.“
За одлуката да не влегува во врска со актери: „Се обидувам да не го правам тоа. Дефинитивно ми создава трема. Се немам обидено да станам пријателка со други славни личности или да се состанувам со луѓе кои се во мојата индустрија, затоа што е тешко и може да биде површно.“
За многуте комплименти за нејзиниот изглед: „Не можам да кажам како другите луѓе ме гледаат, но додека растев, моите родители никогаш не ми велеа дека сум убава. Никогаш не си мислев дека сум убава. Отсекогаш бев умната, бубалицата. Луѓето ве ставаат во кутии, а тоа беше мојата кутија. Па, навистина е убаво (за комплиментите), но изгледот никогаш не бил нешто на кое сум се фокусирала јас или луѓето околу мене. Но, ми се допаѓаше да сум бубалицата!“