Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ема Вотсон за „Teen Vogue“

ФОТО: Ема Вотсон за „Teen Vogue“

Ема Вотсон изгледа истовремено бунтовно и елегантно на фотографиите за августовското издание на „Teen Vogue“. Харизматичната актерка позираше со минимална шминка и едноставна фризура инспирирана од панкот пред објективот на фотографот Бу Џорџ.

Ема Вотсон

Во интервју за списанието, ѕвездата од филмовите за Хари Потер зборувала за славата на почетокот на кариерата. „Сметам дека на одреден начин бев многу заштитена за време на снимањето на Хари Потер, затоа што работев постојано. Ќе влезев во автомобил, ќе одев во студио и ќе се вратев дома“ – изјавила таа.

Вотсон објаснила и дека понекогаш носи свои пријатели на свечените настани за да се чувствува покомфорно. „Понекогаш се чувствувам малку вознемирена пред да се појавам на црвениот тепих. Па, секогаш е убаво да носиш свој пријател, особено затоа што сакам да ги гледам реакциите на луѓето. Не е нормално да излезеш од автомобил и да има 80 луѓе кои викаат по тебе, па кога пријателите ќе речат – ова е лудо, тоа прави да се чувствувам малку понормално“ – рекла таа.

Ема Вотсон Ема Вотсон

Ема го привлече вниманието на медиумите со своја изјава за бројот на обувки кои ги поседува. Во интервју за Radio Times, таа ја критикувала Парис Хилтон за тоа што поседува премногу облека и обувки кои никогаш не ги носи и изјавила дека самата таа поседува само 8 пара обувки. „Јас имам само 8 пара обувки и толку. Но, лесно е сега да звучам како лицемерка, затоа што, се разбира, сум облечена во дизајнерска облека во моментов“ – рекла таа.

Ако се прашувате како може Вотсон да има толку скромна колекција обувки кога при секое појавување на црвениот тепих носи нови и нови, вистината е дека тие се позајмени дизајнерски обувки кои по настанот се враќаат во модните куќи. Сепак, не е јасно дали изјавата на Ема е целосно вистинита или бројката беше дадена чисто за споредба со богатиот плакар на Хилтон.

Ема Вотсон Ема Вотсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19081 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.