Елена Ристеска моментално ужива на Малта. 32-годишната пејачка е придружувана од својата сестра Драгица и малата внука Делфи.
Двете сестри на своите профили на Instagram споделија фотографии од убавините на оваа островска држава.

Денес, музичката ѕвезда им се заблагодари на сите за честитките за нејзиниот именден.
„Ви благодарам на сите за честитките по повод мојот именден. Дај Боже да се родат и крстат уште многу Елени и да се продолжи името на Царицa Елена и на Цар Константин. Поздрав од Малта“ – стои во описот на нејзина фотографија.






Македонската пејачка сподели фотографии од аеродром, пред да полетаат за Малта.

Елена неретко споделува фотографии од дружбите со слатката Делфи.
Неколку дена пред да отпатуваат на Малта, Драгица, која е академски сликар, имаше своја изложба на дела со наслов „Фрагменти”.
