Ед Вествик, познат по улогата на Чак во хит-серијата „Gossip Girl“, зачекори на модните писти во Милано.
24-годишниот актер е новото рекламно лице на есенската колекција на Филип Плејн, па присуствуваше на прес-конференцијата на германскиот дизајнер, а потоа се појави на модното шоу како еден од моделите на најновата колекција.
Вествик за време на Миланската недела на модата претстави креации од машката колекцијата пролет/лето 2013 на Филип Плејн.
Кампањата на Плејн за сезоната есен/зима 2012 е дело на познатиот Тери Ричардсон, кој се појавува на сите фотографии заедно со главните ѕвезди – Ед и Сабрина Нејт.
Погледнете и видео од снимањето на рекламните материјали: