Покрај холивудските ѕвезди, и сцената на Оскар 2017 ќе блеска во полн сјај.
Престижната манифестација, на која Академијата на филмски уметности и науки ги наградува најуспешните во филмската индустрија, ќе се одржи за два дена во Долби Театарот во Калифорнија.
Големата сцена на 89. издание на Оскарите ќе биде декорирана со 300.000 сваровски кристали. Дизајнерот Дерек МекЛејн, кој петта година по ред е задолжен за изгледот и дизајнот на сцената, инспирација црпел од арт деко стилот и холивудскиот гламур од филмовите од 30-тите години.
Во изминатата деценија, над еден милион сваровски кристали се искористени само за украсување на оскаровската сцена.
Водител на свечениот настан ќе биде Џими Кимел.