Непријатно заврши 89. издание на Оскарите откако „La La Land“ погрешно беше прогласен за победник во категоријата Најдобар филм. Подоцна стана јасно дека вистинскиот победник е „Moonlight“, а продуцентот на познатиот мјузикл мораше да му ја предаде статуетката на продуцентот на „Moonlight“.
Незгодната ситуација се случи откако на актерите Ворен Бити и Феј Данавеј им бил даден погрешен плик во кој го пишувало името на Ема Стоун заедно со филмот „La La Land“.
Во видеото од настанот, Бити неколкупати проверува дали точно прочитал пред да го прогласи победникот. Тој на сцената објасни што точно се случило.
„Не се обидував да бидам смешен“ – рече Ворен.
WATCH: Moment where crew/cast of 'La La Land' realizes a mistake had been made and 'Moonlight' actually won Best Picture. #Oscars pic.twitter.com/WCCopwsJ66
— Good Morning America (@GMA) February 27, 2017
Целосно видео
На социјалните мрежи веднаш беа објавени фотографии на кои јасно се гледа дека Ворен го држи пликот за Најдобра актерка.
The envelope in Warren Beatty's hands read "ACTRESS IN A LEADING ROLE" when announcing Best Picture. #Oscars https://t.co/j1KdSvyI98 pic.twitter.com/ciXOLdqaIy
— Good Morning America (@GMA) February 27, 2017