Најверојатно Ева Лонгорија реши повеќе да не ја крие врската со помладиот брат на Пенелопе Круз, 25-годишниот Едуардо.
Една недела по финализирањето на нејзиниот развод, 35-годишната актерка беше фотографирана како разменува бакнежи со Едуардо Круз на брод во Мајами.
Папараците ги фотографираа Ева и Едуардо на луксузен брод за време на викендот.
За нивната врска се шпекулираше уште од Нова година, но Ева и Едуардо досега правеа сè за да ја зачуваат во тајност. Уште тогаш претставник на Ева негираше дека актерката е во врска со Едуардо и изјавуваше дека се само пријатели.
Во ноември минатата година, Ева и нејзиниот сопруг Тони Паркер неочекувано се разделија, наводно поради изневера од страна на Тони, но таа приказна никогаш не беше потврдена од Лонгорија.