Ева Лонгорија повторно е сингл. По една година во врска, познатата актерка и помалиот брат на Пенелопе Круз, Едуардо, одлучија да се разделат.
Веста за разделбата ја објави Us Weekly, објаснувајќи дека одлуката за крај на врската била заедничка. „Тоа беше обострана одлука. Тие сè уште се пријатели“ – изјавил близок на 36-годишната актерка.
Раскинувањето се случило во изминативе неколку дена, а оттогаш Ева се фокусирала на работата и на завршувањето на серијата „Desperate Housewives“, додека 10 години помладиот Едуардо се вратил во својот роден град Мадрид, Шпанија.
Ева се запозна со Едуардо преку неговата сестра Пенелопе, во периодот непосредно по нејзината разделба со Тони Паркер. На почетокот тие ја држеа нивната врска во тајност, а за првпат се појавија во јавноста како пар еден месец по финализирањето на разводот на Ева.
Во интервју за Vanity Fair, неодамна Ева сподели дека е среќна што го сретнала Едуардо. „Љубовта не успеа со таа личност. Но, може да успее со друга. Единствено ќе кажам дека сум многу среќна што го пронајдов Еду“ – изјавила таа.