Ева Лонгорија и на 40 години изгледа неверојатно секси. Популарната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ ги истакна своите облини во фотосесија за списанието „VVV“.
За изданието „Control“, Лонгорија позираше во разголени креации, со силна шминка и „мокра“ коса.
Ендру Мекферсон ја фотографираше атрактивната актерка заедно со Бела Торн, Ајла Фишер и Пола Патон, кои исто така се дел од новото издание на списанието.





