Ева Лонгорија е гламурозна убавица за „Vanity Fair“ Мексико. 41-годишната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ го краси мартовското издание на познатото списание.
За едиторијалот, славната актерка позираше во елегантни креации и луксузен накит.
Долче и Габана и Џузепе Ѕаноти се дел од дизајнерите кои соработуваа со списанието за фотосесијата снимена под палката на Фил Поинтер.






