Ева Лонгорија престојува во Шпанија. Како водителка на хуманитарна гала вечер која се одржа во градот Марбела, убавата актерка блесна во две елегантни креации.
На црвениот тепих, Лонгорија се појави во припиен тегет фустан со нежни детали на едното рамо од модниот бренд Rosa Clara.



Претходно, 41-годишната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ присуствуваше на забава организирана во рамките на галата.





