Хајди Клум го објави за продажба својот дом во Брентвуд, Калифорнија по цена од 25 милиони долари.
Вилата која е градена во италијански стил има 8 спални соби и 10 бањи. Иако ја купи за „само“ 14.2 милиони долари во 2010 година, 41-годишната манекенка посвети шест месеци и многу средства за целосно реновирање, со идејата да создаде рај за себе и за своите четири деца.
Имотот се протега на површина од 1.142 m2 и има фасцинантен поглед кон океанот. Особено впечатливи се бескрајниот базен и прекрасната градина со рози.