Кога „Us Weekly“ ја објави веста за неверството на Кристен Стјуарт со женетиот татко на две деца Руперт Сандерс, многу обожаватели на младата актерка одбија да ја прифатат приказната како вистинита.
Но, познатото списание понуди фото-докази кои ја обелоденија страсната афера и ги принудија Кристен и Руперт јавно да го признаат неверството на своите партнери и да се извинат.
На фотографиите јасно се гледаат романтичните прегратки на 22-годишната актерка и 41-годишниот режисер, но и размената на страсни бакнежи во автомобилот на Кристен.
Папараци го фотографирале парот во Лос Анџелес на 17 јули, само неколку дена пред последното јавно појавување на Кристен и Роберт Патинсон на „Teen Choice Awards“.
Според изјавите на папараците, Кристен и Руперт не можеле да се одвојат еден од друг и прекинувале да се бакнуваат само кога ќе им се приближел некој. Тие застанувале на неколку изолирани локации за да можат да си ја зачуваат приватноста.
На крајот на жешката средба, Кристен со автомобилот го однела Руперт блиску до неговиот семеен дом.