Дејвид Бекам и малата ќерка Харпер Севен често се фотографирани за време на прошетки и секогаш изнудуваат позитивни коментари поради очигледната силна врска татко-ќерка.
Папараците го уловија 39-годишниот поранешен фудбалер со 3-годишната ќерка во Лондон. На фотографиите малата Харпер се вози на детски скутер и не дозволува дождливото време да ја спречи во намерите да се забавува.
Славното семејство Бекам моментално се наоѓа во британската метропола откако ја прослави Нова година на Малдиви.