Малата Харпер Севен е татина ќерка. Дејвид Бекам има оформено силна врска со слатката ќеркичка и многу често двајцата се фотографирани за време на прошетки.
Славниот фудбалер и 2-годишното девојче биле фотографирани во Лондон.
Неколку дена претходно Дејвид и Викторија ѝ исполнија голема желба на Харпер. Славниот пар ѝ овозможи лично да се запознае со нејзината омилена пејачка, Лејди Гага.
Неодамна Викторија сподели дека Харпер обожава да игра фудбал. „Таа има три повозрасни браќа, па не е од оние девојчиња кои веднаш плачат при секое паѓање, таа е навикната на тоа“ – изјавила Викторија за списанието „Grazia“.