Викторија Бекам имаше силна поддршка додека ја презентираше својата нова колекција есен/зима 2015. Во првиот ред на нејзината ревија седеше Дејвид со четирите деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.
Познатото семејство љубопитно го следеше модното шоу во друштво на главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
Гостите очигледно не останаа рамнодушни на присуството на семејството Бекам, па многумина споделија на социјалните мрежи фотографии од славниот фудбалер и дотераните деца.
По завршувањето на модната презентација, Викторија и Дејвид беа фотографирани додека се упатуваа во ресторан да прослават.
Неколку часа пред ревијата, Дејвид беше фотографиран со децата на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.