Еминем стана дедо. Неговата ќерка Хејли Џејд на свет го донесе своето прво дете, кое е момче.
29-годишната блогерка се породи кон средината на минатиот месец, а со името на бебенцето му оддаде почит на славниот рапер. Средното име на малиот Елиот е Маршал по дедо му, чие вистинско име е Маршал Метерс, додека неговото презиме е Меклинток по татко му Еван Меклинток.
Хејли сподели фотографии од бебенцето три недели по неговото раѓање. До него стои табла на која го пишува неговото име и датумот на раѓање.
„Елиот Маршал Меклинток – 03.14.25“ – стои на натписот.


Веста дека Хејли е бремена ја објави Еминем преку спотот за „Temporary“. Целиот спот за песната е составен од стари снимки од Еминем и малечката Хејли Џејд, кои потоа се надополнети со видеа од нејзината свадба. На крајот од видееото, Хејли со фотографија од ултразвукот му кажува на Еминем дека е бремена со првото детенце.



Хејли и Еван се верија во февруари 2023 година, по 6-годишна врска. Парот заплива во брачните води во мај минатата година.




