Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Детската соба на близначињата на Мараја Кери

ФОТО: Детската соба на близначињата на Мараја Кери

Мараја Кери е позната по луксузниот начин на живот. Па, кога дојде на ред да троши за нејзините деца, нејзиното ќесе уште повеќе се одврза.

Познатата пејачка ја создаде слатката детска соба со помош на познатиот дизајнер Марио Буата. Се верува дека Мараја и Ник потрошиле околу 1 милион долари за уредување на собите за бебињата.

Детската соба за близначињата на Мараја КериДетската соба за близначињата на Мараја Кери

Во собата со свилени завеси и мебел во кралски стил има две креветчиња декорирани со розово и зелено. Популарната пејачка за списанието Life&Style објаснила дека не сакала да декорира со стандардните бои сина и розова, па затоа избрала зелена.

Мараја Кери

„Сакав да создадам убава, спокојна и удобна околина за бебињата. Сè си одговара, но секое парче е индивидуализирано за да ги истакне близнаците како различни личности“ – изјавила таа.

Само за собата на девојчето Мараја потрошила над 100 000 долари за да ја уреди во стилот на Пепелашка. Креветчето кое е на средина на сликата подолу чини 30 000 долари и на врвот има златна круна!

Детската соба за близначињата на Мараја КериСобата за девојчето на Мараја чини повеќе од 100 000 долари

Сè е подготвено и веќе се очекува раѓањето на близначињата. Мараја веќе размислува и за првата фотосесија на близначињата. Таа соопштила дека ќе ги објавува подароците што ќе ги добие за да можат нејзините обожаватели да изберат каква облека да носат близначињата на првата фотосесија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20820 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.