Дауцен Крус ја започна годината со одмор на плажа. Атрактивната Холанѓанка го помина првиот ден од 2017 година во Мајами заедно со семејството.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret беше фотографиран додека играше со фудбалска топка со сопругот Санери Џејмс, но и се забавуваше со 6-годишниот син Филен и малата ќерка Милена.


























