Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Голиот задник на Ким Кардашијан во центарот на корица на списание

ФОТО: Голиот задник на Ким Кардашијан во центарот на корица на списание

Ким Кардашијан никогаш не се дистанцирала од провокативноста и не се срамела да го разголи своето тело. Списанието „Paper“ одлучи во фокусот на својата нова корица да го стави најозборуваниот дел од телото на 34-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping up with the Kardashians“.

На насловната страница од зимското издание на списанието за мода, музика, поп-култура и уметност, позира Ким со разголен задник. Фотосесијата е дело на Жан-Пол Гуд.

Ким Кардашијан

На втората фотографија на задникот на Ким е поставена чаша со шампањ, со што е пресоздадена една од најпознатите фотографии во кариерата на Жан-Пол Гуд.

Ким Кардашијан

Очекувано, фотосесијата на Ким се распространува низ целиот свет, а истовремено се нижат негативните коментари.

Многумина коментираат дека ова е недолично однесување на една мајка, а на други пак им пречи прекумерната употреба на Фотошоп.

„А велат дека немам талент... обидете се да балансирате чаша за шампањ на вашиот задник“ – напиша Ким на Twitter со што си навлече нов бран критики.

На интернет веднаш се појавија и комични споредби и коментари кои ја исмејуваат фотосесијата.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.