Џенифер Анистон не успеа да го сокрие големиот свршенички прстен. Додека си разменуваше нежности со својот свршеник Џастин Теру, славната актерка го покажа големиот камен.
43-годишната филмска ѕвезда и 41-годишниот актер беа фотографирани во Санта Фе, Њу Мексико, каде што таа го снима новиот филм „We Are the Millers“.
Џенифер и Џастин се свршија во август, а се во врска повеќе од една година.