Џесика Алба ги отвори вратите на својот дом за електронското списание Domaine. 32-годишната актерка ја претстави куќата на два ката, изградена во типичен калифорниски стил, која се наоѓа во Беверли Хилс.
На фотографиите Алба позира заедно со двете ќеркички, 5-годишната Хонор и едногодишната Хевен.
Во интервју за списанието, Алба открила дека максимално се труди нејзиниот еко дом да биде ослободен од штетни токсини, а исто така и дека преферира винтиџ мебел. „Работите кои се резултат на масовно производство го немаат она што го имаат постарите нешта. Ја сакам приказната која се крие зад нив, фактот што тие имале живот“ – изјавила таа.
Низ прекрасниот дом може да се сретне вертикална градина и ѕид со фотографии од големото семејство на Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен. „Кога се преселивме, побарав од сите членови од семејствата од двете страни да ни испратат стари фотографии. Убаво е децата да растат со нивното семејство наоколу“ – објаснила таа.