Шеј Мичел ја креираше својата прва колекција за Kohl’s, па освен што го покажа дизајнерскиот талент, таа им дозволи на нејзините фанови да ѕирнат каде се „готват“ нејзините модни комбинации.
Канадската актерка, позната по серијата „Pretty Little Liars“, ги отвори вратите на својот дом во Вест Холивуд и го откри подредениот плакар.





„Голема обожавателка сум на чанти, па сакам да ги купувам, но исто така сега се заљубив во пронаоѓањето на винтиџ чанти. Независно од тоа дали се дизајнерски или не, сакам да имам нешта кои не можеш да ги купиш во продавница“ – изјавила таа во интервју за The Coveteur.













