Синоќа, списанието „Marie Claire“ ги награди најкреативните таленти во светот на модата и убавината, кои од зад сцената се грижат за изгледот на славните.
Голем број познати гостинки присуствуваа на настанот во Лос Анџелес, но најголемо внимание привлекуваа дамите во црно Џесика Алба, Синди Крафорд и Шеј Мичел.
Алба шармираше во црн костум со исечоци на рацете и рамената од модната куќа Balmain. На настанот, 35-годишната актерка му ја врачи наградата на мејкап артистот Даниел Мартин.









Крафорд разбирливо беше облечена во црна креација од Balmain ако се земе предвид дека таа му додели награда на креативниот директор на модната куќа Balmain, Оливие Рустан.







Шеј Мичел, ѕвездата од серијата „Pretty Little Liars“, зачекори на црвениот тепих во комбинезон на едно рамо со исечоци.






