Како што можете и да си претпоставите, плакарот на Џенифер Лопез е огромен, како еден комотен стан.
Популарната пејачка и актерка ги отвори вратите на својот плакар за списанието „People“. Во видеото, Џеј Ло шета помеѓу многуте полици со обувки и облека и покажува некои од парчињата кои ги носела во новиот филм „The Boy Next Door“.
Џенифер објаснува дека филмот бил нискобуџетен, па избирале негламурозна облека од нејзиниот плакар.
За време на кратката прошетка, може да се види и фамозниот фустан од Версаче, кој Лопез го носеше на Греми во 2000 година.