Кијара Ферањи со својот стил на облекување се здоби со големо влијание во модната индустрија и непрекинато привлекува милиони обожаватели. Па, не се ни очекува нејзиниот дом да не е естетски привлечен и модерен.
Популарната блогерка и дизајнерка ги отвори вратите на својот дом за дигиталното списание „Domaine Home“. Откако се преселила од Милано во Лос Анџелес, Ферањи ангажирала дизајнерска фирма со цел новиот ентериер потполно да одговара на нејзиниот стил на живот. „Ја обожавам оваа куќа. Се заљубив во ова место веднаш штом пристигнав тука“ – рекла таа.
Во домот можат да се забележат многу забавни детали кои го рефлектираат „поп шик“ стилот кој Кијара го негува при дизајнирањето.