Кендал Џенер ги отвори вратите на својот дом за списанието Architectural Digest.
24-годишниот модел им откри на фановите како изгледа куќата во која живее во Лос Анџелес.
„Сакам куќа која има карактер. Кога првпат влегов во ова место, веднаш ме привлекоа вибрациите во стилот на шпанска фармерска куќа“ – сподели таа.
Џенер се преселила во естетски уредениот дом пред година и половина.