Вин Дизел ја покажа својата нежна страна. Познатиот актер сподели неодолива фотографија на која ја бакнува ќеркичката Полин на стомакот, додека таа го бакнува него на челото.

4-месечната Полин го доби името по прерано починатиот Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година.



Неколку дена по раѓањето на неговата ќерка, Дизел во интервју за „Today“ откри дека го чувствувал присуството на својот пријател додека ја придружувал саканата во породилната сакала. „Тој беше во собата. Не мислев на никој друг освен на него додека ја сечев папочната врвца. Едноставно... знаев дека е таму“ – рекол 48-годишниот актер.


Полина е трето дете на Вин Дизел и манекенката Палома Хименез.
