Деновиве, Вин Дизел заедно со филмската екипа активно го промовира вториот дел од „Guardians of the Galaxy“. 49-годишниот актер имаше слатка придружба на премиерата која се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.
Холивудската ѕвезда зачекори на виолетовиот тепих заедно со своите две деца. 9-годишната Ханиа и 7-годишниот Винсент гордо позираа прегрнати со својот татко.




„Јас сум веројатно највозбуденото дете на целиот свет во моментов“ – изјави слатката Ханина.


Во двата делови од „Guardians of the Galaxy“, Вин го позајмува својот глас за ликот Groot.






Дизел и неговата партнерка Палома Хименез имаат уште една ќеркичка, која тој ја крсти Полин во чест на неговиот добар пријател, актерот Пол Вокер. Пол почина во сообраќајна несреќа во 2013 година.

