Попладнево се одржа крштевката на принцезата Шарлот. Кралското семејство го привлече вниманието на светската јавност кон Норфолк, а поточно кон црквата Св. Марија Магдалена.
Принцот Вилијам со сопругата Кетрин и двете деца беа фотографирани додека се упатуваа на црковната церемонија. Ова е за првпат четиричленото семејство да биде фотографирано заедно.


Војвотката Кетрин блескаше во палто од Александар МекКвин и шапка од Џејн Тејлор.
Малата принцеза беше облечена во рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен кој бил носен од секое бебе родено во кралското семејство од 1841 година до ден-денес. 9-неделното бебе има пет кумови и било благословено со вода од реката Јордан.




Малиот принц Џорџ беше облечен во црвено-бела облека која очигледно беше инспирирана од аутфит кој принцот Вилијам го носеше пред 30 години.


На приватната церемонијата беа присутни 21 блиски пријатели и роднини на семејството, меѓу кои кралицата Елизабета, принцот Филип, принцот Чарлс и сопругата Камила, родителите на Кетрин и нејзините брат и сестра. Принцот Хари го пропушти крштевањето на својата внука поради тоа што е на хуманитарна посета на Намибија.
Наскоро ќе бидат објавени и официјални фотографии од среќното семејство, за кои беше ангажиран Марио Тестино.




