Викторија и Дејвид Бекам уживаат на Сардинија.
Парот, кој за два дена ќе ја прослави 15-тата годишнина од бракот, беше фотографиран на луксузна јахта во близина на италијанскиот остров. Заедно со нив беше и нивниот син Ромео, кој неодамна се раздели со девојката Миа.
49-годишниот поранешен фудбалер и 50-годишната дизајнерка уживаа на палубата додека нивниот син се забавуваше возејќи џет-ски.
Популарната двојка има уште три други деца.