Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Викторија Бекам и Мајли Сајрус во црни долги фустани во Берлин

ФОТО: Викторија Бекам и Мајли Сајрус во црни долги фустани во Берлин

Викторија Бекам и Мајли Сајрус се закитија со „Бамби“ статуетки во Берлин. 39-годишната дизајнерка беше наградена на манифестацијата Bambi Awards за својот придонес во светот на модата.

Викторија Бекам

На црвениот тепих Викторија зачекори во долг црн фустан со длабоко деколте кој е нејзина креација. Елегантниот изглед таа го надополни со блескав смарагден накит од Chopard.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Мајли Сајрус привлекуваше погледи со неочекуван моден избор. Во последниве месеци младата пејачка постојано е критикувана и озборувана поради разголувањето, па долгиот широк фустан со долги ракави беше модно изненадување.

Мајли Сајрус

20-годишната музичка ѕвезда, која ја доби наградата „International Pop“, на црвениот тепих носеше црн винтиџ фустан од Жан Пол Готје.

Мајли Сајрус

За време на манифестацијата таа настапи со хитот „Wrecking Ball“ во неонска креација од The Blonds.

Мајли Сајрус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.